Се започна со желба за создавање место и простор за споделување на искуства и знаења од светот на автомобилите. После извршените подготовки нашиот форум ја здогледа светлината на Web просторот. Првиот Македонски Застава Форум започна со работа на 2.01.2009 година. Нашата желба e да овозможиме линк до искуства и знаења кои се пред се наменети за сите Застава автомобили сопственици или фанови. Се трудиме да созадеме ефикасна база на туторијали, милсења или идеи кои придонесуваат за квалитетот и целта што сакаме да ја оствариме. До ден денес со повеќе од 100 регистрирани членови, полека но сигурно се пробиваме и се обидуваме да го промовираме нашиот форум како еден од подобрите во нашата земја. Бидете и виде дел од оваа визија и станете член на нашиот форум.






